ИЗРАЕЛ МОРА ДА ПОБЕДИ

 

 

Izrael_voj.jpg

 

Непосредно пред празнициве, сакав да дадам едно свое видување за 2008, но сепак таквата идеа ќе причека уште некој ден. Во моментов главното внимание (по незнам кој пат) го привлекува блискиот исток. Меѓутоа овој пат, во центарот на вниманието не е само израелската војска која ги лови терористите, туку и бирокративе од Брисел, кои му “попуваат“ на Израел како треба да се брани, и дали треба да се брани.

Малку и беше на тоталитарната елита со жолти петокраки, што воведоа еден куп регулативи (уште малку ќе не казнуваат доколку прднеме на јавно место)кои од обичен човек може да ве направат криминалец, малку им беше неуспехот на сините шлемови во Босна, малку им беше маргиналната улога во Косово и во Авганистан, малку им беше смешната идеја за заедничка “Европска Војска“…сега почнуваат да се мешаат и таму каде безбедноста функционира речиси беспрекорно.

Унија која неможе да воведе ред и мир дури ни на своја територија, без подршка од САД, сега поради популистички причини пробува да замеша прсти таму каде што навистина неможе да даде резултат.

Израел, во однос на целокупното свое опкружување, е единствената демократска држава, каде по пат на непосредни избори луѓето гласаат за тој што би сакале да ги води. Во околните држави владеат теократски режими кои свесно подржуваат убивање на невини цивили.

Израел е единствената држава во целиот тој регион, каде жените ги имаат апсолутно сите права како и мажите…почнувајки од правото на образование, работа, развод и сл… Па се до политичко ангажирање и водење на државата. Во соседните држави на Израел, често се случува мажот да биде неказнет поради убиство на својата сопруга или ќерка. Дури и туристите се често прогонувани и казнувани поради специфичното толкување на куранот и неговите канони.

Израел е единствената држава во своето опкружување која има јасно издефиниран секуларен карактер, кој е прецизно дефиниран во самиот устав. Верските слободи и права се неспоредливо поголеми во Изреал, одколку на израелското опкружување.

Израел е единствената држава во целиот регион, каде владее слободата на говорт, каде можете да ја критикувате власта, да разоткривате афери, да полемизирате и јавно да изнесувате свои заклучоци. Доколку истото го пробате во изреалското соседство, лесно може да останете без глава.

Образованието на израелската младина, е претежно насочено кон поголема продуктивност, која би ги направила пред се способни за продукција на поголем приход, а со самото тоа и на повисок животен стандард. Образованието на младите околу Израел, е тешко сварливо за совеста на било кој цивилизиран човек.

Дали е нормално, дете од предшколска возраст, да учи песни за бомбаши самоубијци, и да се труе со омраза од секаков вид: спрема христијани, евреи, хиндуси, дури и против будисти..? На Јутјуб.цом има еден куп цртани филмови, каде главниот јунак завршува со бомбите околу појасот, и тоа меѓу изралски цивили.

Како може, една просечна бирократска ТИКВА од Брисел, да не прави разлика меѓу акциите на ИДФ (Израелската Армија), и манијачките амбиции на терористите..? И не само тоа… Брисел на терористите им се обраќа онака како што самите се представуваат: “Хамас“ “Хезболах“ “Иламски браќа“ итн итн итн… Па кажува за нивните “судири“ со ИДФ, како за војна меѓу завојувани страни, а не како за борба меѓу терористи и сили за безбедност.

Израел е единствената земја во тој регион, која генерира просперитет, и овозможува пристоен стандард за сите лојални граѓани. Наспроти себе има луѓе кои се заслепени од омраза, и кои сакаат буквално уништување на Израел, односно (како што вели Ахмадиннеџат) негово бришење од картата на светот.

Израел годишно претрпува над 4000 терористички напади, или во просек по 14-15 секој ден. Напади во кои главна и најчесто единствена цел се токму цивилите, односно најнедолжните. Морално е недозволиво, Израел да се осудува во моментите кога реагира на таквите напади.

Редно е палестинците да сватат дека по пат на сила, никогаш нема да го добијат она што го бараат. Махатма Ганди имал далеку поголема популација зад себе, и протестирал со “ненасилство“. Резултатот бил независност на Индија за помалку од една деценија совесно политичко дејствување. Редно е палестинците да го променат својот однос по цели 5 децении евидентен неуспех.

Израел има морално право да се брани, и би требало да биде подржан од секој цивилизиран и нормален човек.

Published in: on 28/12/2008 at 10:41 PM коментари (0)

ПУТИН И НЕГОВИОТ ОБИД ЗА ЛИКВИДАЦИЈА НА СЛОБОДНИОТ ПАЗАР

 

 

2396035017_a38e94c684.jpg

 

НЕМА ПОВЕЌЕ ЕВТИН ГАС! Ова е последната изјава (или најверојатно желба) на рускиот лидер околу цената на гасот, дадена по повод најавата за формирање на т.н “гасен картел“ кој би ги обединил повеќето земји производители на природен гас. Читајте меѓу редови…Нема повеќе договори, нагодби и пазарења околу цената на гасот, Путин како ќе каже, така гасот ќе се продава. Премногу сурово за некој кој го критикува капитализмот и профитниот мотив, доминантен кај западните корпорации.

Замислете Џорџ Буш, или некој друг претседател или премиер на западна земја, членка на ОПЕК, да дадеше ваква изјава околу цената на нафтата. Колку само протести ќе се организираа, колку ли карикатури ќе беа направени, и колку ли американски знамиња ќе беа запалени?

Сепак, изјавата на Путин се чини поминува без поголеми реакции. Човекот кој има очигледни амбиции да влијае врз економскиот живот на што повеќе држави, воопшто не е критикуван поради неговите евидентни игри. Зошто..?

Мислам дека причината е поради тоа што Путин сеуште носи анти-капиталистички ореол. За многу социјалисти, разочарани поради промените од 1990 па наваму, Путин стана персонификација за враќање на социјализмот, студената војна, повторната блоковска поделеност и општата политичка клима од времето на СССР.

Љубомората поради високиот стандард, која е една од главните карактерни црти на просечниот социјалист, многу лесно може да се прочита и кај Путин, впрочем и најголемиот број од неговите политички постапки се токму во тој правец. Тој не го искорени криминалот, и не изврши национализација на ограбениот имот, туку во неколку наврати и нанесе директна штета на Европа прекинувајки ја испораката на природен гас.

Понатаму, Путин не воведе поголема социјална заштита за обичниот руски граѓанин, туку огромни средства пренасочи во руската армија, поставувајки го знамето на поранешен СССР како воено знаме, истовремено враќајки ја химанта на СССР повторно како официјална руска химна. Со тоа обичниот русин не доби ништо, но срцата на социјалистите ширум светот конечно беа огреани со ваквите негови потези. Затоа, денес што и да направи, од нив ќе има безрезервна подршка. Нема врска што високата цена на гасот ќе ги погоди најмногу сиромашните земји и земјите во развој, битно е западните земји (најмногу САД) да претрпат материјална штета преку свесно делување на еден човек.

Да се вратиме за момент повторно на цената нафтата, и нејзиното пазарно формирање. Се сеќавате колкава цена достигна пред само неколку месеци, мислам дека беше 147 долари, за денес да падне на нешто повеќе од 32 долари за барел. Пазарниот механизам не признава индивидуални прогнози и видувања. Доколку побарувачката расте побрзо од понудата, цената оди горе, но и обратно… доколку понудата се зголемува, а нема соодветна побарувачка, или доколку побарувачката падне, со неа паѓа и цената. Никој присилно не купувал нафта по 147 долари, исто како што никој денес присилно не ја продава за 32 долари. Логично е што вредноста се создава во свеста на тие што тргуваат (купувач и продавач) а не во свеста на некој политичар, поединец во фотеља. Тоа се едноставно реални цени по кои потребите се задоволени, а количините продадени.

Противниците на ваквиот пазарен механизам, кои сметаат дека политичарите можат поефикасно да ги одредуваат цените…во времето кога нафтата достигна 147 долари, обвинуваа дека слободниот пазар подразбира и берзански шпекуланти кои носат и такви “нереални цени“. Јас и тогаш тврдев, дека таквата констатација не е точна, бидејки не можат никакви шпекуланти да влијаат на цената на нафтата повеќе одколку индустриите на Г8, плус оние на Кина и Индија. Затоа денес, еве едно интересно прашање за нив: Каде се денес “берзанските шпекуланти“ да ја подигнат ваквата цена на нафтата, и да им ги прекинат болките на земјите производители..?

Рака на срце, ОПЕК е картел кој често влијае врз цената на нафтата (затоа е впрочем и оформен). Не дека се ликвидира слободниот пазар, туку картелот ја одредува количината на произведена нафта на дневно ниво, која понатаму се продава по слободно договорена цена. Таквиот пазар не е потполно слободен, и често сум пишувал против ОПЕК како картел. Но сепак, никогаш досега не се случило, еден човек да даде изјава во името на сите од ОПЕК, особено не политичар и особено не во врска со цената во иднина.

За прв пат, кога е во прашање енергијата, тоа го прави токму Владимир Путин. За жал, времето ќе ни ги покаже крајните консеквенци од ваквите негови идеи.

Published in: on 24/12/2008 at 1:57 PM коментари (0)

ГРЦИЈА – Боговите паднаа на теме

 

 

 

Што се случува со европскиот домашен миленик..? Со земјата која е позната само по митови и легенди… Што се случува со нивниот животен стандард..? И конечно… каква поука треба да се извлече од ваквите случувања..?

Историски гледано, Грција никогаш не била земја со висок животен стандард. Нашата средновечна генерација е доволно возрасна за да прераскажува за нашиот јужен сосед од средината на 70-тите, па и претходно, а фала богу има доволно информации и на интернет. Генерално тоа била заостаната, ултра-конзервативна средина, со катастрофални работни навики и многу чудни меѓучовечки односи за останатиот дел од континетот. 

Без разлика на нивното сомнително антрополошко потекло, овие црномурести и навидум темпераментни луѓе, сепак се прифатени најнапред во структурите на НАТО, а подоцна и во “европското семејство“. Не толку поради нивните митолошки приказни, и пренадувани историски детаљи, туку поради фактот што светот живеел во студена војна, а во Грција предоминантна била Комунистичката Партија, со јасни цели во правец на уредување на државата по примерот на СССР. 
На западните земји, најмалку што би им било потребно, е уште еден сојузник на СССР во Европа, кој патем има историски хипотеки со еден од најбитните стратешки партнери на САД…со Турција. 
Во вакви околности, Грција станува “западна земја“ која полека почнува да користи и соодветни бенефиции. 

За воља на вистината, ваквата помош не беше од понов датум. Западните земји не само што ја создадоа  1830, туку од неа создадоа медитерански мит, украсен со историски глупости, од кои дел се воздигнати на ниво на култ кој трае и ден денес. Најнапред грчкиот лобист во францускиот парламент, баронот Пјер Де Кубертен ги измисли “Олимпијските Игри“ промовирајки ги на лондонскиот саем во 1896 год. Таквите игри, ниту некогаш постоеле, ниту пак имале таква симболика како што е денес духот на олимпизмот. Целта била (и останала) промовирање на вредност која доаѓа од Грција. 

Да не должиме…Грција по сите овие основи (квази-историски, но пред се гео-политички и гео-стратешки) морала да живее како и сите западни земји, што подразбирало не само одбрана на заедничките вредности и стандарди, туку и живеење на живот со соодветен квалитет. Така почнува да се гради грчката економска и воено-политчка моќ. 

На тој начин, ескивирано е едно многу битно начело од областа на класичната економија. Дека “Стандардот на луѓето, и квалитетот на нивниот живот, зависат од разликата помеѓу производството и потрошувачката“. Ова се зборови на Адам Смит, првиот економист од 18-тиот век, во чии дух настана индустриската револуција, како и либералниот капитализам од 19-тиот век, кој остана забележан како период на најбрз економски и техничко-технолошки развој. Неговото дело “Богатството на народите“ се сведува на констатацијата дека, доколку еден народ сака поголема акомулација на капитал (поголемо богатство) тогаш истиот треба повеќе да произведува, заработува и инвестира, а помалку да троши. 
Таквата тенденција, во Западна Европа траеше цели два века. САД е дури и како држава изграден (во најдобар дел) во духот на Адам Смит и неговите истомисленици. 

Сепак, поради студената војна, но и со државниот интервенционизам како економски модел од тоа време, како да постоело уверување дека таквите економски закони можат да се занемарат, па дури и комплетно да се надминат.

Така Грција, во тоа време, добива огромни субвенции. Милијарди долари за кои новопримените членки од 2004 па наваму не би можеле ни да сонуваат. Особено се стимулирани земјоделското производство, туризмот, енергетиката, како и малите бизниси. Огромни пари се потрошени за изградба на грчкиот образовен систем, а да не зборуваме за опремувањето и комплетната изградба на грчката армија.  
Добар дел од овие субвенции Грција ги прими и во 2007, но…што се случи во 2008?
Затоа малку подолу.

Не е никаква тајна, доколку се констатира дека Грција каква што ја познаваме денес, е фактички создаена со директна финансиска помош од западните земји. 

Но, како се користени тие пари..?

После сите субвенции во областа на земјоделието, Грција увезува околу 12% од потребните количини на храна. Истиот процент на увоз на храна го имаат и Мароко и Гватемала, кои се претежно пустински земји, со далеку понеповолна клима за развој на земојделие. Истиот процент го има и Данска, но кај нив приматот го има индустријата, и тоа онаа од областа на високата технолигија, која и тоа како го подигнува БДП на високо ниво. 

http://search.yahoo.com/search?p=Greece+food+import&fr=yfp-t-501&toggle=1&cop=mss&ei=UTF-8

Енергетски, грчкото производство е зависно од ниско квалитетен лигнит кој најмногу го има во западниот дел (близу Албанија). Новост се неколкуте гасни електрани, меѓутоа таквата енергија е особено скапа, а Грција ја става во голема зависност од Русија. Како и да е, покрај сите субвенции во минатото, Грција сеуште увезува огромен дел од потрбените количини енергија, дури и од нас. 

http://www.eoearth.org/article/Energy_profile_of_Greece

Истовремено, после сите субвенции во индустријата, Грција не ги искористува своите капацитети. Колку за споредба, индустријата во Германија вработува околу 25% од работната сила, а создава скоро 80% од вкупниот БДП. Во Грција индустријата вработува 17% од работната сила, а создава едвам 20% од вкупниот БДП. Споредете ја продуктивноста на Германската и Грчката индустрија. Додека Германската е доволно продуктивна за да го полни буџетот на ЕУ, Грчката индустрија произведува за да се одржи себе си. Прашање е само до кога..?

Туризмот е единствената развиена стопанска гранка во Грција, но тоа е сезонски бизнис, кој објективно не игра голема улога во подигнувањето на БДП. Доказ за тоа се многубројните егзотични држави, каде туризмот е единствената развиена гранка, и каде истовремено домородното население живее во прилично голема сиромаштија. 

И нормално, во услови на економска криза, кога владите на западните земји се преокупирани со сопствените економии…нема да им биде битна ниту грчката митологија, ниту античките будалаштини на историчарите од Атина. 
Законот на Адам Смит, овојпат ги влече многу посилно одколку законот за гравитација на Њутн. Грците конечно се оставени без субвенции, и мораат да живеат од она што ќе го произведат (а не произведуваат речиси ништо). Тоа е многу болно сознание за некој што егзистирал само поради едно идиотско толкување на историјата (дека се наследници на античките грци, кои пак биле темел на западната цивилизација). 
Болно е чувството за некој кој живеел како припадник на “супер-нација“ кога мора да свати дека фактички живеел од патерналистички поклони, што е приближно или еднакво на питање/просјачење. Хипер-експлоатираните и надувани приказни за античкиот период, со кои Грција привлекуваше енормно многу туристи, но и примаше многу “бакшиши“… сега полека престануваат. 

Квантитативната монетарната теорија на големиот економист и нобеловец Милтон Фридман, јасно говори дека “Кога ќе престанат сите субвенции, кога ќе престане монетарната експанзија (а еднаш мора да престанат) со нив исчезнуваат и сите работни места кои се отворени на тој начин“.  
Токму тоа и се случува сега на Грција, и сигурно е дека анархистите и синдикалистите истото не можат да го спречат. 

Да бидеме реални до крај… Во Грција не се случува криза (барем не реална)… Грција едноставно се враќа онаму каде секогаш економски припаѓала – тоа е местото меѓу најсиромашните европски периферии, каде медитеранскиот темперамент, културните, социјалните и етничките предрасуди, често пати се побитни од самиот економски раст. Нека им е со среќа.  

 

Published in: on 15/12/2008 at 11:50 PM коментари (0)

ВАЦЛАВ КЛАУС на чело на ЕУ

 

 

speech10.jpg

New York Times деновиве со горчина соопштува дека Вацлав Клаус, политичарот со лоши манири, од нова година почнува да претседава со Унијата.

Од која причина, розовиот весник близок до демократите, би застанал против чешкото претседавање со ЕУ? Најверојатно поради фактот дека Вацлав Клаус, како добро образуван и елоквентен заговорник на слободниот пазар и класичниот капитализам, како да го расипува интервенционистичкиот просек кој е доминантен во денешниот Г8.

Имено, под притисок на погрешните анализи, според кои дивиот капитализам е виновен за новонастанатата криза, како и поради апокалиптичната хистерија околу наводните “климатски промени“…беше лансирана идејата за “светска влада“ како и за поголема централизација на ЕУ, што е еден вид нов државен интервенционизам. Клаус е единствениот заговорник на економско-политичкиот либерализам, кој во догледно време има сериозни шанси да ја поткопа општо прифатената заблуда на Саркози, Меркел, Путин, Браун и новоизбраниот Обама.

Особено обожавателите на Обама, стравуваат дека Клаус (кој помалку иронично, доаѓа од поранешна социјалистичка држава) би можел да ги посрамоти економски најмоќните, и денес најпопуларните, од кои светот толку многу очекува.

- Што доколку даночното растеретување донесе подобри резултати од Bailout-от..?

– Што доколку дерегулацијата на економијата, која ја носи Клаус во својата агенда, обезбеди постабилна економија на долг рок, отколку моменталната финансиска помош за банките и неколкуте големи корпорации..?

– Дали енергетската криза би била надмината со ригорозни “корпоративни рестрикции“ (како што планира Обама) или пак со дерегулација на енергетскиот сектор и континуирано зголемување на инвестициите..?

Би била тоа уште една шлаканица за сите анти-капиталистички аналитичари, прогнозери и популисти. Останува само времето да покаже.

Од друга страна, Вацлав Клаус е вистински кошмар за европската и американската левица, не само поради фантастичните резултати постигнати во неговата земја, туку поради тоа што е многу почитуван и ценет и од американските републиканци. Самите републиканци како да станаа многу пасивни по поразот на американските претседателски избори, а со почетокот на кризата и поголемиот број на приврзаници на дивиот капитализам. За сите нив, Вацлав Клаус би можел да биде новиот катализатор, слично како што своевремено беа Роналд Реган и Меги Тачер.

Кога е во прашање Македонија, Клаус е непоколеблив подржувач на нашето уставно име, како и жесток противник на грчката политика. Исто така е противник на идејата за “независно Косово“ како и гласен критичар на судот во Хаг.

Published in: on 06/12/2008 at 7:52 PM коментари (0)