ИРАНСКИ РУЛЕТ
Нашиве „сериозни медиуми“ на големо зафатени со „нагрдувањето на Скопје“ деновиве (свесно или не) пропуштија да не информираат за еден многу важен светски настан. Имено, во средата на 3 фревруари, Исламската Република Иран го лансираше својот прв вештачки сателит (Сафир 1) во земјината орбита. Според официјалното соопштение, во сателитот биле сместени еден глушец, две желки и неколку црви. Нема никакво соопштение за состојбата на животните во текот на летот, ниту пак по него. Напротив, има многу конфузно објаснување дека „Иранската Вселенска Програма“ во иднина има намера да вгради телекомуникациска опрема во истиот сателит.
Малку чудно, имајки во предвид дека сателит за телекомуникациска опрема се тестира со испраќање животни, чија судбина на крајот останува непозната.
Она што е за сега сигурно, е дека паралелно со сателитската програма, Иран забрзано работи и на нуклеарната програма која е вон било каква контрола на меѓународните инспектори. Дополнително зачудува фактот што нема никаква реакција од Советот за Безбедност на ООН. Загриженост изјави единствено Пентагон кој потврдува дека истиот сателит може да послужи како балистички проектил со нуклеарно вооружување.

Имајки во предвид дека официјалната политика на Иран подразбира бришење на цели држави од картата на светот, имајки во предвид дека Иран има сериозна намера да биде глобална нуклеарна сила која ќе ги штити „исламските вредности и интереси“ во светот, воопшто не би требало да зачуди доколку за многу кратко време светот влезе во религиозна студена војна.
Тоа е тоа.
Попусливата политика спрема Иран која ја водеа Бил Клинтон и Џорџ Буш, а особено Барак Обама, на крајот доведе до ситуација да нови фанатици доаѓаат до најубиственото оружје. Понатаму следниот чекор се знае… со таквите мора дипломатски да се преговара, бидејки во спротивно, нивните луди идеи би лансирале проектил во одбрана на „Светите Идеали“. Само колку за подсетување, Иран воопшто не е земја каде противниците на официјалната политика би можеле да превземат сериозни противмерки. Во Иран е невозможно било какво спротивставување спрема основните вредности врз кои е втемелен општествениот поредок. Воопшто, невозможна е било каква дебата по таквото прашање. 
Во земјите членки на НАТО, постојат многубројни тела, избрани на непосредни демократски избори, кои честопати делат спротивставени мислења околу военото ангажирање на одредена земја. Во крајна линија, властите се потиснати под силниот притисок на јавноста, или пак ги променуваат своите одлуки доколку мнозинството од граѓаните со нив не се согласува. На крајот се случува и да се изгуби власта поради судир со спротивставеното мислење на граѓаните.
Во Иран ваквите настани се апсолутно невозможни. И покрај примо-предавањето на власта преку демократски избори, главен збор во иранското општество имаат т.н „чувари на исламската револуција“ кои имаат право да ја поништат секоја одлука на мнозинството граѓани, доколку истата не е во согласност со шеријатското право. Забранети се дури и самите секуларни политички партии и движења, додека НВО сектор финансиран од странски фондации практично не постои. Со неколку збора, активирањето на иранските балистички проектили би било во зависност од расположението на неколку религиозни фанатици. Јавното мислење во Иран (доколку некој воопшто го слуша) е комплетно исклучено од одлучувањата во врска со иранските вооружени сили. Впрочем, каков може да биде односот на еден „Верски Лидер“ кон обичниот човечки живот?

„Верските Лидери“ не се тие кои стравуваат дека обичните луѓе би можеле да ги развластат на демократски начин. Тоа се лидери кои евентуалниот противнапад би го прогласиле за „Божја Воља“ а милионите изгубени животи за „божји маченици“ или нешто слично. Одприлика такво е размислувањето на болните умови, кои незнаат за ништо друго надвор од светите книги.
Таквите, за многу кратко време ќе го поседуваат најмоќното оружје на светот. Дипломатските преговори со нив (ако таквата перверзија воопшто може да се нарече преговори) веројатно би биле во правец на воведување на шеријатското право во западните земји. Најнапред онаму каде се муслиманите поборојни од одреден процент, или пак се во мнозинство.
Инаку за некој ден се слави 31 година од т.н „Исламска Револуција“ и по тој повод најверојатно ќе биде лансиран САФИР 2.
Ете во кој правец води Меѓународното Право, и политичката коректност спрема религиозните фанатици.
The URI to TrackBack this entry is: http://capitalism.blog.mk/2010/02/08/iranski-rulet/trackback/
9 коментари Leave a comment.
Напиши коментар
You must be logged in to post a comment.
kapitalizam, прво треба да го посетиш Иран, да престојуваш извесен период таму, да ја запознаеш таа земја, иранскиот народ, па после можеш да напишеш текст кој ќе ни го претставиш на нас, блогерите. Иран е една прекрасна земја, со многу добра географска положба, со многу природни убавини, со убави и високи планини -Елбурс со преку 5600 метри висина, со топла клима, земја опкружена со едно езеро богато со нафта-Касписко море, потоа со Персиски залив-пребогат со нафта, а со голем дел излегува на Индиски океан, односно Арабиско море. Голем број од европските народи потекнуваат од Иран -од пред многу илјади години, иранците се простодушни и трудољубиви и многу гостопримливи. Техеран е многу убав град, со убави булевари, паркови и со многу културно историски споменици, а независно што Иран е исламска земја, во Техеран, а и во некои градови на Иран има и христијански цркви. Иранците сакаат да живеат во мир со останатите народи, и имаат своја филозофија на живеење.Поздрав.
Мојата почит кон сите убавини.
Како ја коментираш идејата на Ахмадиннеџад за бришење на Израел од картата на светот..??
Или тоа треба да се заборави поради убавините кои ги набројуваш..?
kapitalizam, идејата на Махмуд А. за бришење на Израел од картата на светот, се само негови фолови. Тоа е само потез на очајник. Целта на Запад е да го сруши исламскиот режим во Иран и слободно да дојде до пребогатите извори на нафта. Знаејќи го ова, а исто така знаејќи што ќе ги снајде ако биде срушен нивниот режим, иранското раководство се прави да се одржи на власт, дури и со изјави за бришење на Израел со оружјето кое сакаат забрзано да го произведат, а за кое им се потребни уште центрифуги. За да се откажи Иран од производство на атомска бомба (факт е дека тој сеуште ја нема произведено)треба Запад, Русија и Кина да му дадат гаранции на иранското раководство, дека нема ништо страшно да му биде направено на Иранскиот режим, на раководството (романско сценарио – Чаушеску) и ако треба да се сруши, тоа треба да го направи самиот ирански народ, преку избори – слободни и фер. поздрав.
Убаво што си се потрудил да напишеш нешто и што си загрижен, но не мора…
Иранците имаат балистички проектили 10 години наназад со дострел доволно голем за да го бувнат и Скопје. Програмата за збогатување на Ураниум не може да им мрдне без дискретна помош од Русија, но и многу Британски и Француски компании. Треба да знаеш дека и на Иранското раководство и на раководствата од запад им одговара да се има страв и да се држи тензијата.
gjurovski, русите во Иран градат нуклеарка и таа е, може да се рече, пред пуштање во работа. Веројатно и французите и британците на некој начин учествуваат во развој на иранската нуклеарна програма, но за тоа јас немам информации.
Што се однесува до страв и тензии, мое мислење е дека иранското раководство само блефира, заплашува со кое сака да се спречи евентуален напад врз Иран, а дека работат на производство на атомска бомба, точно е, но нема да успеат да ја направат. поздрав.
Развојот на иранската нуклеарна програма нема врска со ниедна западна земја. Еве кој има учествувано во таквата програма:
http://www.thestar.com/News/article/194075
Тоа беше Русија до пред скоро три години. Одкако ја сватија вистинската цен на Иран, се повлекоа и тие.
viktor_trifunovski, jas vo mojot prethoden komentar navedov, deka rusite vo Iran gradat nuklearka, vie me potsetivte deka taa e vo Busher, no treba da se proveri na internet koj ja zapocna da ja gradi taa nuklearka i ja ostavi (mislam, germancite), a rusite ja doizgraduvaat. Taka nekako. Pozdrav.
Ова е текст полн со емоции. Ама џабе да барам објективност од авторот.
Зошто режимите во Индија, Пакистан, Израел, С.Кореја да имаат право на нуклеарно оружје, а Иран да нема? Знаеш зошто се противат против иранската нуклеарна програма? Не зошто може да го нападне Израел, бидејќи и најлудите Иранци се свесни дека во тој случај ќе добијат соодветен контранапад, туку бидејќи ако Иран има нуклеарка, можноста за напад врз таа земја е минато. Иран со нуклеарка си ја купува независтноста ЗАСЕКОГАШ!
А за режимот не се грижи. Еден ден и таму ќе дојде демократијата. Ама тоа ќе биде иранска демократија, не увезена со бомби.
кнсис, се сложувам со вас. поздрав.