Јохан Волфанг Гете и Левијатанот ЕУ
Јохан В. Гете e еден од најзначајните поети, и воопшто писател, кој некогаш живееле на планетата Земја. Неговата „Фауст” се смета за најдоброто поетско дело во светската книжевност.
Ханс Хопа, еминентен и контроверзен (читај: НЕ досаден!) либертаријански теоретичар, во еден свој текст објавен во „The Wall Street Journal Europe“ во 1999г. го предложи Гете за Европеец на милениумот.
Според Ханс Хопа, Јохан В. Гете, иако малку се знае за неговите политички ставови, бил „класичен либерал, застапувајќи се за слободна трговија и слободна културолошка размена”, два клучни елементи кои ги сметал за „значително важни за националната благосостојба и мирољубивата меѓународна интеграција”. Гете, како повеќето класични либерали, држел став против „политичката експанзија и централизација” бидејќи сметал дека истите се штетни за севкупниот просперитет и културен развој.
Јохан В. Гете живеел од 1749 до 1832 година. Тој доживеал да ја види Германија како територија на која постојат 234 „држави”, 51 слободен град и околу 1.500 независни витешки поседи; живеел и кога истата била „смалена” на 39 политички територии по Виенскиот конгрес во 1815г.; и поживеал уште скоро дваесетина години повеќе. При крајот од својот живот, ни пренесува Ханс Хопа, Гете ги изнел своите ставови во однос на поделеноста на Германија. Во овој период веќе Германија била заразена со национал-демократски вирус кој ги фатил дури и повеќето од Германските либерали.
Од тука станува интересна приказната на професор Ханс Хопа за Гете.
Според Хопа, Гете не ја прифаќал слепо демократијата [политичко донесување одлуки кадешто секој граѓанин има 1 глас - не ја мешајте демократијата со слобода, вистина и морал!!!], особено ако требал да избира помеѓу слободата и овој политички идеал на денешните серковци!
Според Гете, „законодавците и револуционерите кои ветуваат еднаквост и слобода во исто време се или психопати или шарлатани”.
Но, Гете бил уште поинтересен кога станувало збор за политичка централизација. Според него, ваквиот процес „неминовно ќе води кон уништување на културата”. Но, што мислел тука овој гениј? Зарем, унификацијата, Европа без граници, слободната и доброволната интеграција, не ни дозволува ширење и размена на култури, традиции и обичаи? Ниту еден либерал нема ништо против оваа идеја, и токму либералите се оние кои се бореле, се борат и ќе се борат за слободна и доброволна интеграција. Но, клучните зборови се „слободна и доброволна”!!! Слобода да можеме да тргуваме едни со други; слобода да можеме да ги поминуваме границите без никакви малтретажи; слобода да се дружиме со пријатели од било каде – политичките граници не ни прават разлика (!); слободно да конзумираме странски производи без да мораме да плаќаме повисока цена само бидејќи се „туѓи”; итн.
Зборувајќи за тогашната расцепкана Германија, како што некогаш беше и „нашата” Европа, Гете го изјавува следново: „Човек греши доколку мисли дека единството на Германија треба да биде изразено во форма на еден моќен главен град, и дека овој моќен центар може да му служи на народот како што народот има корист од развојот на неколку извонредни индивидуи”.
Каква реакција на оваа изјава од Ханс Хопа: „Камо да го разбереа ова бирократите од Брисел!!! Заедничкиот пазар на ЕУ … ни овозможи отворени граници – за луѓе, добра и капитал – нешто што го поддржуваше Гете уште во 1828година. . . но, не и „големиот моќен главен град” [Брисел] или пак федерална Држава да не регулира, и дополнително да ни ги загрозува животите”.
Професор Хопа ни покажува дека Гете бил свесен дека просперитетот лежи во слободата на секој поединец, а не во бирократите и Власта!!! Овој став, Хопа го потврдува со долг цитат од Гете, во кој се вели:
што ја прави Германија моќна е нејзината народна култура, која има навлезено во сите делови од нашата земја. И зарем не е истата резултат од многуте различни територијални единици од кои произлегува нашата култура? Замисли да постоеја само два главни центри на моќ во Германија, Виена и Берлин, или пак само еден. И запрашај се што ќе се случеше со Германската култура и севкупниот просперитет кој зависи од културата [Како што тврдам, без либерална култура Македонија никогаш не може да има пазарно општество, а со тоа, ниту економски просперитет: Б.Б].
Франкфурт, Бремен, Хамбург, се големи и извонредни места, и нивното влијание на просперитетот на Германија е немерлив. А, дали ќе останеа такви како што се ако ја изгубеа својата независност и беа споени како провинции во унифицирана Германска Империја? Имам сериозни сомнежи дека би останале!
Бојан
The URI to TrackBack this entry is: http://capitalism.blog.mk/2012/02/02/johan-volfang-gete-i-levijatanot-eu/trackback/
Напиши коментар
You must be logged in to post a comment.